Во првите три месеци од 2020 година, Манчестер Јунајтед го зголеми својот долг за дури 42 проценти. Неверојатни бројки објавија британските медиуми, според кој гигантот од „Олд Трафорд“ сега должи вкупно 479 милиони евра.

Растот првенствено беше предизвикан по трансферот на Бруно Фернандез од Спортинг Лисабон, за сума од околу 80 милиони евра.

Но, тоа не е сè, со оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот ќе предизвика уште поголеми проблеми, така што долгот ќе биде помеѓу 625 и 650 милиони евра, потврди потпретседателот на клубот, Ед Вудворд.

Иако комерцијалните договори на Јунајтед значително се зголемија, долговите растат затоа што фудбалот не се игра и нема приходи од тв-права.