Тимот на Нант, во кој настапува најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, побара вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите.

Ова го потврди претседателот на клубот, кој што го поднел барањето до француската федерација, која треба да го спроведе до ЕХФ, и да биде разгледано.

Меѓу аргументите кои ги посочува за добивање на вајлд-карта претседателот на клубот се: второто место во шампионатот, како и престојното градење на тимот кој следната сезона ќе има високи цели. Во него речиси сигурно е дека ќе биде и Лазаров кој има намера и натаму да биде дел од Нант.

Лазаров е кралот на стрелците и најдобар стрелец во ЛШ. По една година пауза повторно би можел да заигра во „елитата“ и да го подобри својот скор во најелитното европско натпреварување.