Во исчекување на состанокот во Италија (закажан за шест денови) за дефинирање на начинот на кој ќе заврши Серија А, „La Repubblica“ најави плеј-оф формат во битката за титулата со шест тима.

Во полуфиналето автоматски ќе се најдат Јувентус и Лацио, додека Интер против Наполи на Елиф Елмас ќе се бори за пласман во завршницата, Аталанта против Рома. Јувентус ќе игра против победникот од првата пресметка, додека Лацио против подобриот од Рома и Атланта.

На сличен начин ќе се разигрува и за опстанок. Последните шест екипи, меѓу кои и Џенова на Горан Пандев ќе водат битка за „елитата“, во вториот ранг ќе се преселат три тима.

Ваквиот начин на завршување на сезоната доколку нема доволно време да се доиграат сите кола ќе биде доста возбудлив. Но, засега во Италија едно е сигурно, до 14. јуни има забрана за одигрување на било какви натпревари.