Еден од култните и најомилените стадиони во светот повеќе нема да постои, барем не во форма во која знаеме. „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ дефинитивно ќе биде срушен, ќе се гради нов стадион.

Последната битка за овој стадион е изгубена и покрај обидите да се сочува како културна вредноста.

„Италијанското Министерство за култура даде мислење дека стадионот „нема културна вредност бидејќи оригиналниот дизајн и конструкција на зградата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век беа целосно променети со надградби и проширување на зградата во 50-тите и 90-тите години, а со оглед на тоа овие интервенции не се постари од 70 години, стадионот не може да биде заштитено архитектонско добро“, е објаснувањето за овој стадион.

Најголем поборник против уривање на „Сан Сиро“ беше градоначалникот на Милано, Бепе Саласе, кој се бореше за зачувување и реновирање на стариот стадион, но сега и тој треба да замине во пензија.

Тој заедно со голем број љубители на миланскиот симбол на кој градските клубови дојдоа до бројни европски титули, ќе добијат утешна наградата, зад едниот гол од новиот стадион ќе остане стара трибина.

На местото на стариот стадион ќе биде изграден парк, како и трговски центари и хотели.