Серхио Агуеро, барем така јавуваат медиумите на Островот, би можел да го напушти Манчестер Сити. Во опција за продолжување на кариерата се два клуба, и тоа Реал Мадрид и Интер Милано. И шпанскиот и италијанскиот гигант силно го посакувале во своите редови, наводно и двата клуба го контактирале веќе менаџерот на Аргентинецот, со цел да видат какви се плановите на искусниот напаѓач.

Инаку Агуеро со 254 голови, постигнати во девете сезсони во дресот на “граѓаните“ е клупски рекордер. Пред да дојде на “Етихад“ Агуеро играше за Индипендиенте и Атлетико Мадрид.