ПСЖ има намера да го задржи Мауро Икарди и во следната сезона, но не е подготвен да ги плати оние 80 милиони евра кои ги бара Интер како отштета. Понудата најверојатно ќе биде 50 милиони, плус 10 милиони низ бонуси.

И да го добие Интер бонусот, нема да стигне до бараната сума, па сега италијанскиот клуб размислува дали да го продаде за оваа сума, или да чека некоја подобра понуда.

Инаку според информациите, ПСЖ и Икарди веќе имале „дил“, останува само клубовите да се договорат. Јасно е дека за Мауро нема иднина во Интер, откако замина неславно од „Џузепе Меаца“.