Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте, ќе добие одобрение од клубот да тренира дома бидејќи се плаши од коронавирусот и не сака да тренира со своите соиграчи.

Клубовите од Премиерлигата почнаа да тренираат во центрите од вторникот, а играчите работеа во помали групи. Канте тренираше во вторникот, но оттогаш побара да не доаѓа на тренинг поради страв дека ќе се зарази со КОВИД-19, а клубот го поддржа во одлуката.

Според Би-Би-Си, Челзи не знае кога Канте планира да се врати на тренинзи.