Короната го доведе до просјачки стап што се вели, најпознатиот фудбалски навивач во светот. Имено славниот Маноло, главниот спортски фан на Шпанија, мора да го продаде својот тапан, по кој што е познат ширум светот за да преживее.

Тој се надеваше дека ќе се пензионира во 2026 година, кога се надева дека Шпанија ќе биде домаќин на СП.

“Долколку не добијам било каква финансиска помош ќе мора да го продадам својот тапан. Имам пензија од 800 евра, од кои половината ми одат за хипотека. Кафулето поради кризата со Ковид-19 не работи, така да немам од што да живеам“ се пожали Маноло.

Оваа вест трагично одекна ширум спортскиот свет, секако Маноло (71 година) секаде беше една од главните навивачки атракции, и не само во Шпанија.