Пред една година, видовме фотографии како стадионот во Велес е уништен од отпушоци. Велешани тогаш реагираа дека многу лица се собираат во вечерните часови и на теренот седат и пијат алкохол.

Една година подоцна ништо не е сменето. Фотографијата е од утрово каде јасно се гледа дека стадионот „Зоран Паунов“ се користи за пикник и рекреација. Иако таму треба да тренира и да игра прволигашот Борец. Реагираа познати фудбалери од Велес за оваа ситуација која била честа појава на теренот со вештачка трева во овој град.

Поради пандемијата со коронавирусот, велешкиот тим засега „мирува“ а денеска ќе биде познато дали и кога ќе се доигрува шампионатот.