Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк истакнува дека Матс Хумелс е лдиер на тимот, и дека неговата екипа не погрешила што го вратила од Баерн Минхен за сума од 30 милиони евра.

„Се слушаше на натпреварот со Шалке како ги советува играчите, ги храбри… Тој е нашиот вистински лидер, не погрешивме што го вративме“, рече Цорк.

И статистиката вели дека Хумелс ги има добиено повеќе од 60% дуелите со противниците во оваа сезона.

Навивачите коментираат дека Хумелс е поголем лидер и од првиот капитен Марко Ројз кој што е премногу „нем“ да биде капитен на екипа. Ројз поради повреда може ќе го пропушти крајот на сезоната.