Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, ќе собере бројни асови на белиот спорт на регионалниот турнир наречен „Адрија Тур“, кој што ќе се одржи од 13 јуни до 5 јули во пет града, вклучувајќи го и Задар.

Првиот турнир ќе се одржи во Белград, на терените на ТЦ Новак (13/14 јуни), а потоа ќе се пресели во Задар (20/21 јуни). Третата станица е Црна Гора (27/28 јуни), а потоа следува Бања Лука (3/4 јули). Покрај тоа, планирано е да се замине и во Сараево, каде Ѓоковиќ и Дамир Џумхур ќе одиграат егзибициски натпревар на 5 јули.

Покрај Ѓоковиќ, кој ќе ги игра сите турнири, една од најголемите sвезди ќе биде третиот тенисер на светот, Австриецот Доминик Тим, а учеството на првиот турнир во Белград го потврди и бугарскиот тенисер Григор Димитров.