Леон Бeјли, еден од најдобрите играчи на селекцијата на Јамајка, можеби нема да заигра во националниот тим, откако ја критикуваше федерацијата на својата земја. Тој во еден разговор истакнал дека федерацијата не се грижи доволно за националниот тим, кој што заслужува да се најде на Мундијалот 2022 година. Испрати критики и до селекторот на националниот тим.

На ова реагирале и челниците кои му порачале дека за Бeјли нема место во националниот тим, ако не верува во федерацијата и во својата репрезентација.

Иако имаше понуди да игра за неколку национални тимови, меѓу кои и Австрија, Германија и Белгија, сепак, играчот на Леверкузен ја одбра својата родна земја.

Тој има шест настапи за националниот тим на Јамајка.