Откако и дефинитивно е јасно дека Њукасл преминува во рацете на Саудискиот принц Мохамед бин Салман, сега останува прашањето кој се од играчите би дошле на “Сент Џејмс Парк“.

Попладнево веста од Островот, која одекна како “бомба“ дека бин Салман тргнува по најскапиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен. А тоа е Лукас Хернандез, кој минатото лето за 85 милиони евра се пресели од Атлетико Мадрид во Баерн Минхен.

Сепак Хернандез и не покажа којзнае што на “Алианц Арена“, имаше проблеми со повредите и одигра само 14 натпревари сезонава. Првата понуда за францускиот репрезентативец од страна на саудискиот принц била 80 милиони евра, но тоа е само почеток. Секако дека баварците за 85-90 милиони евра би го ослободиле Хернандез.