Откако се дозна дека Себастијан Фетел на крајот од оваа година си заминува од Ферари, сега цел автомобилски спорт е во очекување каде, во кој тим германскиот ас и четирикратен Формула 1 првак, ќе ја продолжи кариерата.

Се шпекулира дека Мерцедес го посакува во своите редови, и дека сака да создаде мега- тим составен од Хамилтон и Фетел.

За тоа свој коментар има и Берни Еклстоун, некогашниот газда на Формула 1.

“Би сакал да го видам во Мерцедес, уф, каков тандем би биле со Луис Хамилтон. Би сакал да го видам Фетел против Луис во ист тим, мислам дека тоа ќе биде добро за сите во Формула 1, добро за овој спорт, добро за фановите кои ја сакаат и ја гледаат Формула 1“ изјави Берни.

На прашањето зошто Фетел во Ферари не успеа ни да се приближи до нов наслов светски првак, Берни одговори.

“Италијанците немаат вистински водач, лидер во Ферари. Личноста која е задолжена за тоа е само супер инжењер“.