Одбранбениот фудбалер на Јувентус Џорџо Киелини призна дека му се восхитува на напаѓачот на Барселона Луис Суарез. Двајцата имаа епизода на СП 2014 на мечот меѓу Италија и Уругвај, кога Суарез го кризна Киелини за рамото и поради тоа Уругваецот беше казнет долго време.

Се восхитувам на неговата спортска злоба, затоа што ако ја нема ќе биде само обичен напаѓач. Ништо страшно не се случи оној ден на светското првенство. Поголем дел од тој меч го чував Кавани, во еден момент почувствував болка и видов дека Суарез ме касна на рамото. Тоа е неговата стратегија за контакт со соперникот, за да го надигра. Јас имам слична стратегија“, изјави Киелини.

Со Суарез многу си личиме и јас сакам да играм против напаѓачи како него. Два дена по инцидентот му кажав дека нема потреба да се извинува. И јас сум злобен кучкин син на теренот и се гордеам со тоа. Злобата е дел од фудбалот. За да победиш еден противник, треба да бидеш интелегентен“, додаде италијанскиот централен бек.