По долго чекање уште една федерација одлучи да стави крај на сезоната поради пандемијата коронавирус. Челниците на казахстанската „куќа на кошарката“ го прекинаа целосно првенството, но и прогласија шампион.

Титулата ја доби Астана предводена од македонскиот стратег, Емил Рајковиќ. Неговиот тим имаше 19 победи и еден службен пораз. Ова е втор трофеј за Рајковиќ во Кахастан, откако минатата сезона беше успешна за него.