Вердер Бремен со само 18 бодови е блиску до испаѓање од германската Бундеслига. „Зелените“ од Бремен се во длабока криза, а најавите од Германија се дека и пандемијата поради коронавирусот, ќе удри по овој тим и на финансиски план.

И додека некогашниот првак и учесник во Лигата на шампионите се „дави“, тренерот Флоријан Кохфелд самоуверено дава изјава дека тој е најдобриот за екипата, и покрај тоа што веќе му се подготвува отказ, и се подготвува враќање на Томас Шаф.

„Јас сум најдобриот за Вердер Бремен во моментов. Друга алтернатива нема“, вели Кохфелд на вчерашната прес-конференција пред дуелот со Фрајбург.

А, доколку не го добие дуелот со Фрајбург, тогаш сигурно веќе ќе биде поранешен, и се чини дека нема да биде во право со тој епитет „најдобар“.