Арсенл во сезоната 2003/2004 беше непоразен, се запиша во историјата на ангилскиот фудбал како единствен тим на кого тоа му успеало.

Ливерпул оваа сезона беше близу да го повтори тој успех. По 27. кола не знаеше за пораз, но во следното дојде Ватфорд и ја прекина нивната серија.

Изненадувачкиот пораз на избраниците на Јирген Клоп беше причина за радост за фановите на Арсенал. Ниту Арсен Венгер, искусниот стратег не криеше дека бил среќен.

„Да, бев задоволен кога Ливерпул беше поразен. Природно е да сакаш да бидеш единствен тим на кого нешто му успеало“, призна Венгер.

Клоп и неговите момци не можат да го повторат тој успех, но затоа имаат шанса да постанат едниствената екипа која успеала да освои најмногу бодови. Рекордот од 100 го држи Сити од сезоната 2017/18, Ливерпул може да освои дури 109.

„Ливерпул може да го направи тоа, нема сомнени. Она што докажаа е дека е навистина тешко да се оствари тоа“, рече Венгер.