Лукас Билја има намера да се врати во Аргентина и таму да ја продолжи кариерата, а исто така констатира дека во Милан недостасува „стабилност и организација“. Играчот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент и се уште нема предлог за нов договор со клубот од „Сан Сиро“.

Гледам кон иднината и може да се вратам во Аргентина“, изјави 34-годишниот халф за аргентинското радио „Tanto Por Decidir“.

Екс-играчот на Лацио дојде во Милан летото 2017 година за нешто помалку од 20 милиони евра, но одигра само 63 натпревари за клубот.

Откако пристигнав во Милан, клубот два пати го смени сопственикот. Милан пак ќе биде стариот Милан, но откако ќе ја врати стабилноста и организацијата. Точно дека тој е еден од најголемите клубови во светот, но сега не е така. Ќе му биде потребно време да воспостави ред и да ја поврати моќта во Европа“, вели Аргентинецот кој во татковината играше за Аргентинос Јуниорс и Индепендиенте.