Реваншот од 1/8 финалето во ЛШ меѓу Ливерпул – А. Мадрид, засекогаш ќе остане во сеќавањето на фудбалските фанови, но и на сите во Европа. И тоа не  толку поради елиминацијата на европскиот шампион, туку поради коронавирусот.

Имено една студија покажала дека засега 41 лице се починати од короната и тоа како директна последица од овој натпревар. Колку за потсетување “Енфилд“ беше преполн, а имаше и околу 3.000 гостински фанови од Шпанија. Тоа беше една од последните официјални натпревари во Европа со присуство на публика. Од друга страна студијата не кажува колку се заразени како директна последица од овој натпревар.

Инаку вкупно бројките во врска со пандемијата се 250.000 заразени и 29.000 мртви во Шпанија и 257.000 заразени и 37.000 мртви во В. Британија.