Претседателот на францускиот прволигаш Лион Жан-Мишел Ола не се помири со одлуката на Лига 1 за прекин на првенството. Француската лига многу рано, уште во април ја означи крај поради ширењето на коронавирусот и тоа после 28 одиграни од претвидени 38 кола. ПСЖ беше прогласен за шампион, а Лион извиси за место во Европа.

УЕФА ги замоли сите да бидат трпеливи. Кога ќе ги видам нашите лидери кои избрзаа и донесоа потполно друга одлука, се чувствувам како будала. УЕФА објави медицински протокол, а ние во Франција не го ни погледнавме. Тоа е апсолутен скандал“, изјави Ола.

Парадоксално е држави како Шпанија, која има повеќе смртни случаи од Франција, да најде начин како да продолжи првенството, а ние веднаш го прекинавме. Се колнам дека исто вака ќе реагирав и ако Лион имаше обезбедено ЛШ“, порача првиот човек на Лион.