Каталонскиот „Спорт“ објави фотографија на која фудбалерите на Севиља Лукас Окампос, Евер Банега, Лук де Јонг и Франко Васкез заедно со девојките и сопругите се собрани на ручек. Според весникот оваа фотографија е направена денеска, ја објавила сопругата на Банега која подоцна ја избришала. Фудбалерите на андалузискиот тим заедно со сопругите и девојките се собрале на ручек и се опуштиле на топлото време (37 степени целзиусови во Шпанија).

Владата на Шпанија, Ла Лига и клубот Севиља забрани групирање додека трае корона кризата, а со ова несериозно однесување фудбалерите на Севиља не само што ги прекршува мерките на Владата туку го загрозува враќањето на шпанскиот фудбал.

Фудбалерите на Севиља сватија дека се на страниците на шпанскиот печат, па се извинија.

„Се извинуваме за ова, нема да се повтори повеќе. Иако ова беше фамилијарен собир, сепак, свативме дека погрешивме“, порача Банега.