Леванте се врати на тренинзи и го очекува рестартот на Ла Лига кој е закажан за 8 јуни. Македонскиот репрезентативец Енис Барди покажа дека паузата поради коронавирусот не влијаела многу на неговата физичка кондиција. Денеска момците на Пако Лопез играа фут-тенис, комбинација на фудбал и тенис со префрлување на топката преку мрежа, а Барди се покажа како најдобар. Потврда е и овој потег за поен.