Официјална информација од Хал, членот на Чемпионшип лигата во Англија, дека двајцата позитивни на тестот за Ковид-19, се од нивниот клуб. Вчера раководството на лигата соопшти дека од 1.014 тестови, само кај двајца фудбалери тие биле позитивни.

Од Хал Сити информираа дека нивните имиња нема да и бидат доставени на јавноста, но дека и двајцата ќе одат во строга изолација во наредните најмалку седум дена.

Инаку клубовите од оваа лига од денеска се враќаат на тренинг, а Хал иако има заразени играчи, исто така ќе почне со тренинзи.