Конечно убави вести од САД, поточно од Њујорк, градот кој беше еден од најпогодените во светот со корона-кризата. Имено клубовите, односно спортските екипи, добија дозвола да можат да почнат со тренинзи. Ова значи само едно, а тоа е дека Њујорк полека, но сигурно излегува од кризата.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, на прес ја објави убавата вест:

“Сите клубови може да почнат со тренинзи, ова важи за клубовите од професионалните лиги од Њујорк.  Мислам дека спортот може да продолжи без навивачи на трибините. Направете го тоа. Почнете со натпревари на задоволство на сите. Решете ги економските проблеми, а фановите преку ТВ ќе го гледаат своите омилени спортови. Тоа се враќање во нормалата. Затоа со оваа одлука ги ограбруваме нашите клубови да почнат со тренинзи, а потоа и со натпревари“, изјавил Куомо.