Откако Маурицио Покетино и Макс Алекгри се уште не му кажале “ДА“ на новиот газда на Њукасл Мохамед бин Салман, се чини дека  пребогатиот саудиски принц нема време за чекање. Тој има намера  да се сврти кон Рафаел Бенитез, како втора опција за клупата на Њукасл.

Како што пишува англискиот “Телеграф“ фановите на Њукасл го бараат Рафа, тој им остана во убаво сеќавање, а мораше да си замине откако во неколку наврати влезе во “војна“ со Мајк Ешли, тогашниот прв човек на клубот од “Сент Џејмс Парк“.

Бенитез е контактиран и тој нема ништо против да се врати на “местото на злосторството“, но секако дека бара и екстра квалитетни засилувања. Како што се шпекулира тоа би биле Џон Стоунс од Манчестер Сити, потоа Рос Баркли од Челзи, Крис Смолинг од Рома, Артуро Видал од Барселона, како Рабио и Игуаин од Јувентус.