Тренерот на Реал (М), Зинедин Зидан го напуштил Мадрид и заминал во едно од селата во близина на главниот град, каде што има и куќа која ја купи пред повеќеод една година. Со тоа тој ја прекиршил забраната за движење надвор од градот која важи за сите жители на Мадрид во услови на пандемија.

Според весниците, Зидан не ги почитувал уредбите на владата и сега се соочува со казна. Единствениот исклучок во ваква ситуација може да се направи само за некој личен проблем, барање здраствена нега или итна ситуација. Ова што Зидан го напуштил Мадрид за да оди на село не влегува во нуту едно од олеснувањата.

Зидан не е првиот човек поврзан со Реал Мадрид кој ги прекрши правилата за карантин. Претходно, медиумите објавија дека Герет Бејл го напуштил главниот град на Шпанија и заминал да игра голф.