Манчестер јунајтед не може да го задржи Одион Игало до крајот на сезоната откако вчера од кинескиот клуб Шангај Шенхуа побарале Нигериецот да се врати во нивните редови.

Само една недела пред истекот на тековниот договор за позајмица, Манчестер Јунајтед доби негативен одговор од кинескиот клуб за обновување на договорот за уште три месеци. Кинезите веќе разговарале со 30-годишниот напаѓач и побарале тој веднаш да му се придружи на Шангај Шенхуа во подготовките за продолжување на сезоната во кинеската Супер лига.

Доколку Манчестер Ј. не извади некој „ас“ од ракавот, Игало ќе мора да се врати во Шангај, иако минатата недела ги продолжи тренинзите со „црвените ѓаволи“ и најави дека би сакал да ја заврши сезоната во Англија.