Англискиот дефанзивец Мајкл Кин за „Би-би-си“ си ја отвори душата и си ги кажа проблеми со кои се соочува во изминатите неколку години. Англискиот репрезентативец вели дека се срами од некои негови перформанси на теренот, а како причина ги посочува менталните проблеми кои ги има.

Имаше периоди кога не сакав да излегувам, не сакав да гледам други луѓе. Ништо не ми се работеше. Се срамев и на начинот на кој играв. Не знаев како да ги решавам ситуациите на теренот“, изјави Кин кој од Барнли се пресели во Евертон во јули 2017 година.

Тогаш „карамелите“ платија 33,5 милиони евра што беше најскапиот трансфер на клубот од Ливерпул. Тогаш и почнале првите проблеми. Не можел да се носи со одговорноста.

Ова ме мачи долго време и сакам да го споделам. За среќа не завршив со комплетен нервен слом, но често плачев и им кажував на моите дека се чувствувам ужасно. Некако го допред дното, но видов и мала светлина. Фамилијата и пријателите ми помогнаа да се кренам, почнав да одам и на спортски психолог и се обидувам да се подобрам“, изјави Кин кој исто така работи за КАЛМ, инситуција за подигнување на свеста за ментални проблеми кај возрасни луѓе.