Поранешниот селектор на Англија Стив Мекларен се присети на шокантниот пораз од Хрватска на „Вембли“ во последното коло од квалификациите за ЕП 2008 кога Англичаните останаа без пласман на турнирот.

Овој пораз стави крај на кариерата на Мекларен на кормилото на Англија и вечно ќе се зборува како најголем неуспех на репрезентацијата. Хрватска пред 90.000 навивачи на „Вембли“ победи со 3:2.

Да биде работата полоша, Хрватите пред тој меч обезбедија пласман на ЕП, додека на Англичаните им требаше бод. Но по поразот, Русија го освои второто место и потоа стигна до ЕП.

Тој натпревар речиси ме уби, но некако успеав да преживеам. Тоа е најтешкиот момент во мојата кариерата, меѓутоа се се случува со причина и научив многу работи од таа ситуација.  Се сеќавам дека после тој натпревар отидов на психолог и го прашував како да го поминам овој шокантен период. Не ми беше лесно да излезам надвор и да бидам меѓу луѓе.

Психологот ми рече да одам на некое место далеку од луѓе, да се затворам седум до десет дена, да ги запишам своите искуства и да ја затворам таа книга. Ми рече дека сето тоа што го научив, добро или лошо, е дел од минатото и дека морам да продолжам со тренерската работа. Така и направив“, се присети Мекларен кого после таа дождлива вечер Англичаните го нарекуваа „будалата со чадорот“.