Во текот на оваа недела и дефинитивно ќе биде јасно, и тоа официјално, кога и како ќе се почне со Серија А. Назнаки има, протоколите се доставени, сега само да се означи рестарт на сезоната 2019/2020.

Со оглед на тоа дека во овој период од годината топлото време си го прави своето, нема да се игра во традиционалниот термин за фудбал во Италија, а тоа е 16 часот. Имено на барање на Синдикатот на фудбалерите, во текот на денот ќе се игра во два термини. Првиот е 18.30 часот, додека вториот е 21.00 часот. Се со цел барем во овој домен да им се помогне на играчите.

Да кажеме и тоа дека на 28 мај ќе се одржи главниот состанок, на кој Министерот за спорт Винченцо Спадафора треба да пресуди кога ќе се рестартира Серија А, на 13 или 20 јуни.