Абдула Џабер е 27-годишен дефанзивец кој реши да ја урне политиката со тоа што потпиша договор со израелскиот клуб Хапоел Хадере. Одамна е позната нетрпеливоста помеѓу Израел и Палестина поради што овој трансфер можеме да го наречеме и чуден.

Џабер кој е роден во израелскиот град Таибе до сега настапуваше за репрезентацијата на Палестина, но сега,неговата репрезентативна кариера за Палестина тука ќе биде прекината.

Играв на десетина важни мечеви за репрезентацијата против Саудиска Арабија, Јапонија и Австралија. Би играл повторно за репрезентацијата ако ме повикаат но и ако ме пуштат од клубот. Сепак познат е проблемот дека двете федерации воопшто не комуницираат“, свесен е за проблемот, Џабер, кој во последните пет сезони настапуваше за тимот на Ал-Халел.

Тој вели дека бидејќи имал израелски пасош и државјанство го спречило да направи трансфер во неколку клубови.

Порано во арапските земји се движев со палестинска пропусница, но фактот што имам израелско државјанство ме успори на професионален план. На пример не можев да потпишам за клуб од Египет“, додава Џабер.