Жорди Бартомеу, првиот човек на Евролигата им предложи на клубовите да ја откажат сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување. Според „Еурохупс“ Бартомеу не е за продолжување на сезоната туку тој им предлага да стават крај и да се фокусираат на идната.

Денес, клубовите со А лиценца гласаат на оваа тема, поточно треба да го кажат својот став во врска со евентуалното продолжување на сезоната.

Според првите информации клубовите го прифатиле предлогот на Бартомеу. Ни тие не изразиле желба да се заврши сезоната, а и на играчите не им се ризикува и да излезат на паркетот.

Затоа се става точка и фокусот ќе биде ставен на идната сезона. Наскоро се очекува и официјално соопштение од Евролигата.