Легендарниот Мајк Тајсон продолжува да тренира напорно за враќање во рингот. 53-годишниот ветеран планира да се бори за неколку акции за добротворни цели, од кои сите средства планира да бидат донирани онаму каде е најпотребно.

На тој начин, Тајсон сака да му помогне на општеството, а понудите до него не престануваат да пристигнуваат.

Секој ден, Тајсон е предизвикуван од различни борци од круговите на ММА, како и од оние кои се активни во боксот. Мајк не престанува да работи во теретана, а на еден од неговите последни тренинзи беше во спаринг со легендарниот шампион Витор Белфорт. Се појави и кратко видео од тренингот на двајцата, во кое Тајсон изгледа во одлична форма.