Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, синоќа потврди дека точниот термин за рестарт на шпанското фудбалско рвенство е 11 јуни. Првиот меч од продолжението на шампионатот ќе биде големото градско дерби меѓу Севиља и Бетис.

Тебас призна дека најавата од шпанскиот премиер Педро Санчез за продолжување на лигата го изненади, но изјави дека подготовките се веќе во тек. Тој, исто така, потврди дека од клубовите ќе биде побарано да бидат флексибилни за закажување на наредните недели, со датуми и времиња на започнување, врз основа на препораките од развојот на владините здравствени совети.

„Ла Лига ќе продолжи во викендот на 12 јуни. Но, првиот натпревар може да се одигра на 11 јуни“, изјави тој.

„Нашата намера е да започнеме на 11 јуни, со мечот меѓу Севиља и Бетис меч кој ќе почне во 22 часот. Во текот на работната недела средбите ќе се играат доцна во ноќта, а ќе имаме три термини во деновите од викендот“, посочил Тебас.