Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. Почина поранешниот играч на Рома, Јосеп Боуаси Обиогно како последица на срцев удар. Имаше само 21. година.

Во Италија стигнал како мигрант, а едно време бил бездомник во главниот град Рим. Играл за аматерски клуб, а Рома го ангажираше во 2015 година.

Доби прилика да тренира со фудбалски ѕвезди како Тоти, Наинголан, Џеко, Де Роси…

Мина на позајмица во Виченца, а Рома се одлучи да го продолжи неговиот договор и покрај тоа што имаше само еден настап. Почетокот на 2020 година бил на проба во неколку романски тимови и на крајот потпиша за Универзитатеа Клуж.