Атлетико Мадрид потврди дека нивниот играч Жоао Феликс ги повредил лигаментите на коленото за време на денешниот тренинг, и можеби ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Феликс, кој пристигна во Мадрид за 126 милиони евра, сезонава беше повеќе повреден од што е на терен, а Атлетико ги губи нервите со него затоа што досега не ги оправдува парите.

Не е познато колку ќе паузира Феликс и дали го чека подолга пауза и ќе мора на операција, или само ќе мирува неколку недели.