На шесткратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон тешко му паѓа карантинот за време на коронавирусот. Британецот открива дека му било тешко да најде мотивација и да го издржи ова лудило предизвикано од пандемијата и поради која сите спортови се откажани. Неколку трки во Формула 1 беа откажани, се преместуваше календарот, па некако се дојде до решение да се заврши со неколку трки место да се откаже.

Едвај чекам да се вратам на патеката. Во овој период се посветив на себе си. Се потрудив да најдам начин да се ценам и да се сакам повеќе. Некои денови бев среќен, некои не. Имаше денови кога станував од кревет и се чувстував летаргичен и не можев да најдам мотивација за моите вежби. Потоа се запрашував: ’Што е следниот чекор? Дали да се откажам од трки или не?’ Овие прашања ме прогонуваа некое време. Си велев дали вреди да продолжам да се тркам“, открива британскиот возач на Мерцедес чиј договор со овој производител истекува на крајот на оваа година.

Формула 1 треба да продолжи на 5 јули на патеката „Шпилберг“ во Австрија и тоа без булика. И втората трка е планирана на истата патека на 12 јули.