Непријатно изненадување за сите во Будуќност, еден од најпознатите клубови ако не и најпознат, во Црна Гора. Имено подгоричани најверојатно ќе останат без својот напаѓач во пресрет на рестартот на сезона, кој мора да оди во војска. Станува збор за  грчкиот интернационалец  Панајотис Мораитис, кој доби повик од властите на својата земја и до 1 јуни мора да се јави во касарна.

Интересно е тоа што Мораитис во Подгорица дојде во јануари оваа година, одигра неколку мечеви кога следуваше паузата поради коронавирусот, и неговиот договор му истекува ова лето. Инаку во Грција служењето војска е задолжително и трае од 9 до 12 месеци.