На 29 декември 2013 година се склучи тешка несреќа на патеката на скијачкиот центар Мерибел во Франција. Страдаше Михаел Шумахер, седумкратниот светски првак во Формула 1. И од тогаш па до ден денешен тој е во кома, барем такви се официјалните информации.

Инаку интересно е тоа што три години пред да му се случи несреќата, во таа 2010 година Шуми го напишал својот тестамент, со кој на својата сопруга и своите деца им остава во наследство 1.2 милијарди евра, а една реченица во објаснувањето зошто го сторил тоа, звучи страшно…

“Го сторив тоа зошто сум семеен човек. Не го сторив тоа поради Формула 1, туку поради фактот дека во секојдневниот живот може сешто да ми се случи“ кажал тогаш Шумахер.

И навистина, тоа и му се случи во секојдневниот живот.