Претседателот на украинската фудбалска асоцијација Андреј Павелко изјави дека Министерството за здравство на оваа земја дозволило продолжување на националното првенство почнувајќи од 30 мај.

„Фудбалот се враќа во Украина! Разговарав со министерот за здравство Максим Степанов, кој потврди дека Министерството за здравство дава дозвола натпреварите од лигата и Купот на Украина да започнат како што планиравме на 30 мај. Ги молам членовите на Извршниот комитет на украинската фудбалска асоцијација да ја поддржат одлуката за продолжување на првенството и Купот на Украина од 30 мај и да го одобрат календарот на натпревари“, напиша првиот човек на украинскиот фудбал.