Голманот на Борнмут Арон Рамсдејл е еден од двајцата заразени со коронавирус во англиската Премиер лига во моментов. Тој е изненаден од резултатот на тестот, а откако си го врати филмот наназад посочи каде се заразил. Првиот тест му бил негативен, но вториот бил позитивен на Ковид-19.

Размислував каде сум се заразил. Тестот што го направив минатиот понеделник, пред да ги почнеме подготовките, беше негативен. Изминатите неколку денови правев вообичаени работи како одење во супермаркет и на бензиска пумпа. Изгледа сум се заразил додека пазарував“, вели голманот на Борнмут.