Денис Дикмаер, играчот на Сандхаузен го постигна водечкиот гол против Вехен во Втората Бундеслига. Тој гол се покажа како решавачки во победата од 1:0 на Сандхаузен. А куриозитет е што Дикмејер го постигна својот прв гол во кариерата. На овој дефанзивец му требаа 294 натпревари за да ја затресе противничката мрежа.

30-годишниот Дикмаер претходно немаше реализирани погодок во 203 бундеслигашки натпревари за Нирнберг и Хамбургер и уште 6 во плеј-аут, 60 меча за второлигашот Сандхаузен и 15 настапи за третолигашот Вердер Бремен. Дикмаер исто така немаше погодок ни во 10 натпревари во Купот.