Челниците на шкотскиот премиерлигаш Ливингстон ги повикаа своите навивачи да одлучат преку социјалните медиуми дали да му понудат на третиот голман Гери Мали (37) нов договор или не.

„Веројатно првпат во фудбалот, ние ви даваме можност да одлучите за иднината на голманот Мали. Бидејќи неговиот договор истекува следниот месец, судбината ја оставаме во раце на навивачите. Тој останува или си заминува – вие одлучувате“, објавија од клубот.

Мали пристигна во Ливингстон во 2016 година и во моментов е трет голман во клубот. Иако не доби премногу можности, менаџерот Гери Холт го пофали за неговото влијание врз играчите.

Анкетата ги забавува, но и ги шокира навивачите. Еден од нив испрати порака до клубот.

„Би се јавил кај вашиот адвокат. Ова е секако нелегално со законот за вработување“, напишал тој.