Со прекрасниот гол на Кимих во 43 минута Баерн ја победи Борусија со 1:0 во дербито на 28.коло на Бундес лигата и се приближи до „салатарата“. Кимих успеа да го лобува голманот Бирки и да донесе победа.
Тоа не беше случајно. Знаев што правам. Се беше испланирано. Знаев дека Бирки често не стои на гол-линијата и има обичај да излегува напред. Тоа е најдобриот гол во мојата кариера и исто така многу важен за екипата“, изјави Кимих кој исто така постави рекорд за Баерн затоа што на денешниот меч истрча 13.73 километри.