Завршија и другите три натпревари од 28. коло на Бундес лигата. Вечерва еден меч заврши без голови, а тоа е дуелот меѓу Вердер и Борусија Менхенгладбах.

Баер Леверкузен доживеа вистинско фијаско на свој терен против Волфзбург. Гостите победија со 1:4. Понграчиќ ги доведе „волците“ во предност во првото полувреме, а во второто погодија уште Арнолд, Штефен и уште еднаш Понгранчиќ. Утеха, ако може така да се кажа, донесе Баумгартлингер со голот во 86 минута.

Ова е трет пораз на Леверкузен сезонава на домашен терен воедно и најтежок. Прв пораз на нивниот тренер Петер Бош во дуелите со Волфзбург. А 22-годишниот хрватски интернационалец Марио Понгранчиќ ги постигна првите бундеслигашки голови.

А дожд од голови во Франкфурт. 3:3 на семафорот на дуелот помеѓу Ајнтрахт и Фрајбург.

Гостите до 78 минута водеа со 3:1, а потоа домаќините со два гола во период од три минути го изедначија резулатот и спасија бод.