Со фантастичниот гол на Џошуа Кимих во 43 минута Баерн ја победи Борусија Дортмунд со 1:0 на „Вестфален“ во 28. коло на Бундес лигата и направи голем чекор напред кон шампионската титула. Дербито го реши играчот за врска на „баварците“ кој од 20-тина метри со лоб удар го совлада противничкиот голман.

Ова е втор пораз на Дортмунд во последните пет меча со Баерн на домашно тло.  Она што е важно Баерн и избега на второпласиранта Борусија Дортмунд седум бодови.

Standings provided by SofaScore LiveScore