Екипата на Наполи во својата историја нагости голем број на Аргентински интернационалци. Голем дел од нив станаа легенди на клубот, а најголема секако е Диего Армандо Марадона.

Во таа насока, клубот организираше гласање на кое навивачите ќе можат да ги одберат најдобрите единаесет Аргентинци кои настапувале за тимот. Во него, иако постигна 91. гол за време на престојот во овој клуб, нема за Гонзало Игуаин, кој во Наполи се смета за предавник. Причина е неговиот трансфер вреден 90 милиони евра директно во Јувентус, најголемиот ривал на Наполи и клуб кој во тој дел од Италија едноставно не можат да го смислат.

Во идеалните на Наполи се најдоа, Мариано Андухар, Хуго Кампањаро, Федерико Фернандез, Роберто Ајала, Маурицио Пинеда, Даниел Бертони, Хозе Соса, Хесус Датоло, Диего Марадона, Роберто Соса и Езекил Лавеци.