Иван Чупиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар, тој беше меѓу првите кој ја продолжи соработката.

Пред да стави потпис, имал понуда од Динамо Букурешт, но соработката пропаднала во последен момент.

„Добрите резултати што ги постигна Динамо во последните сезони во Лигата на шампионите, го направија клубот привлечен за големи имиња. Доставивме понуда за Абало,тој сака да игра за Динамо. Преговаравме и со Чупиќ. Неговиот агент ми се јави и ме праша дали ќе им пратиме договор или не? Но, фактот дека, од следната сезона, мора да имаме најмалку осум романски играчи, нè натера да се откажеме“, изјави директорот на клубот, Даниел Георгеску.