Панатинаикос е гневен на одлуката на Евролигата за прекин на сезоната и најавил дека може да го напушти натпреварувањето и да се пресели во Лигата на шампионите на ФИБА. Веста денеска ја презентираа шпанските медиуми, повикувајќи се на извори во грчкиот клуб.

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, веќе најави прес- конференција на својот „Инстаграм“ профил, која е закажана за 3 јуни, а со оглед дека Јанакопулос веќе објави вакви работи, не треба да се исклучува опцијата за преминување во друго натпреварување.

Јанакопулос е незадоволен од финансиската состојба и би можел да ја прифати поканата на ФИБА. Доколку ПАО реши да замине од Евролигата, неговото место може екпресно да го заземе италијанска Виртус Болоња, која е на „стенд-бај“ за прием во елитата.